Кратка содржина S-Work бр.89:
Транс жените кои се занимаваат со сексуалната работа се најранливи лица, соочувајќи се со сите форми на стигма и дискриминација.
Мислам дека повеќето транс девојки немаат избор, или поточно, секогаш постои избор, но целиот овој хетеро-нормативен, бинарен, трансфобичен систем со сите последователни форми на стигма, насилство и дискриминација го турка патот што води кон сексуална работа. Всушност, не треба да се бориме со сексуалната работа, туку со системот, или барем да создадеме поповолни услови за живот за сите трансородви лица.
Како митовите поврзани со трговијата со луѓе за време на Супер Боул 2020 им штетат на сексуалните работници?
Наративот за Супер Боул „го позиционира спроведувањето на законот како спасувачи “, вели Лутник. Но, „луѓето кои се доброволно вклучени во сексуалната работа, вклучително и оние кои се жртви на сексуална експлоатација, немаат доверба во спроведувањето на законот и многумина имаат значително негативни искуства со службениците“. Средствата кои ги користи полицијата честопати значат злоупотреба на маргинализираните лица.
Сексуална работничка убиена од претходно осуден убиец на условна казна
Според некои сведоштва, еротскиот салон за масажи во кој била вработена Мерилин, неодамна имал ставено забрана за посета на Еустачио Галес (51) кој имал историја на насилно однесување кон вработените девојки, сепак Мерилин, наводно се согласила да се сретне со него во хотелска соба
Регулацијата на сексуалната работа ќе го подобри јавното здравје
При посета на здравствени установи, повеќето сексуални работници не им откриваат на своите лекари за тоа што работат, затоа што се плашат дека би можеле да бидат пријавени во полиција. Други пак, воопшто не ни бараат медицинска помош доколку се физички нападнати или злоупотребувани од страна на своите клиенти или трети лица, плашејќи се да не бидат откриени дека работат како сексуални работници.
Целата соддржина на S-Work No.89 можете да ја погледнете тука: