S-Work No. 88
- Го одбележавме Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници со организирање на 12-тиот Марш на црвениот чадор во центарот на Скопје, посветен на борбата против родово-базираното насилство.
„И јас сум човек, мајка и жена. Мое лично право на избор е што ќе работам и не треба никому да му пречи. Ние, сексуалните работници, ќе продолжиме да се бориме сѐ додека не добиеме еднаков третман во општеството и се надеваме на поддршка од институциите“.
- Насилството врз жените вклучува и насилство врз сексуалните работници.
Кога сексуалната работа се доживува како насилство, тогаш вистинските искуства на насилство, вклучувајќи ги нападите, апсењата, па дури и убиствата стануваат невидливи.
- Несомнено, насилството е присутно во сексуалната работа, но треба да се запрашаме – како, какво е истото и зошто се случува? Многумина сексуалните работници ги сметаат како помалку вредни, честопати туркајќи ги на маргините во општеството.
„Според податоците на ФБИ, жените се најчести жртви на сериските убијци. Податоците исто така покажуваат дека кај женските сексуални работнички постои 18 пати поголема веројатност да бидат убиени од сериски убиец во споредба со некој што не учествува во сексуалната индустрија”.
- Интервју со трансродова сексуална работничка: Трансродовите сексуални работници се едни од најбараните!
Целата содржина на S-Work No.88 можете да ја погледнете тука: