Содржина S-Work No.87

  • До крајот на 2018-та година, според извештајот на УНАИДС се вели дека низ светот имало 1,7 милион новозаболени од ХИВ, додека 37,9 милиони живеат со вирусот. Во Република Северна Македонија стапката на ХИВ е на најниско ниво, а најзасегнати се ризичните групи, лица кои инјектираат дроги, сексуални работници и мажи кои имаат секс со мажи. Според евиденцијата во Институтот за јавно здравје, за 30 години односно од 1987 до 2017 се регистрирани 338 случаи на ХИВ, a во текот на минатата година се регистрирани 41 нов случај на ХИВ

 

  • Оваа година, по 12-ти пат, Првиот колектив на сексуални работници СТАР-СТАР од Скопје организира Марш на црвениот чадор со цел да го одбележи Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници кој традиционално се одбележува на 17-ти декември.

 

  • Кампањата „16 дена активизам“ се одбележува ширум светот. Семејството на Обединетите нации, Владата на Република Северна Македонија и партнерите исто така се приклучија кон глобалната кампања „16 дена активизам“ на тема „#НемаОправдување – заедно против насилство врз жени и девојчиња“. Во текот на овие шеснаесет дена ќе бидат реализирани бројни активности со цел промоција на кампањата ширум целата земја, меѓу кои и вклучување на јавни личности од сите сфери од општественото живеење, кои ќе ја споделат својата поддршка преку бројни панели и работилници, како и преку низа активности во медиумите и на јавните места.

 

  • Бројката на трансродови лица кои се вклучуваат во сексуалната работа секоја година станува се поголема. Трансродовите лица и сексуалните работници кои ја работат сексуалната работа на отворено, на улица, често пати пати се на товар на криминализацијата. Кај нив е зголемен ризикот од насилство и малтретирање од страна на клиентите и општата јавност.

 

Целата содржина на нашиот онлајн Магазин можете да ја прочитате