• Меѓународниот ден на сеќавање на трансродовите жртви се обележува секоја година на 20-ти ноември како ден на сеќавање на сите жртви кои ги изгубиле своите животи, како резултат на трансфобија и поради неприфаќањето на родовиот идентитет и сексуалната ориентација од страна на припадниците на поширокото општество. Одбележувањето на овој ден има за цел да го сврти вниманието кон насилството со кое се соочуваат лицата од трансродовата заедница.
  • Повеќето активисти за правата на сексуалните работници тврдат дека декриминализацијата е подобра од легализацијата, бидејќи државната интервенција може да ја отежни сексуалната работа за маргинализираните групи во заедницата на сексуални работници, како што се корисниците на дрога и имигрантите кои не се документирани. Без оглед на напорите да се декриминализира или легализира сексуалната работа, активистите се соочија со сериозно спротивставување од моралистите, конзервативните политичари и институциите за спроведување на законот.
  • Стигмата исто така се манифестира во политички и регулаторни рамки кои ги криминализираат или лиценцираат сексуалните работи, барајќи од нив да имаат задолжително медицинско тестирање или постојана регистрација во полициските или владините бази на податоци, се со цел да се намали видливоста на сексуалната работа.
  • Неодамна, Линдзи започнала проект за кој се надева дека ќе помогне да се хуманизираат сексуалните работници во време кога нивното постоење се доведува во прашање. Таа преку своите фотографии во нивните приватни домови ги овековечува животите на сексуалните работници.

 

Целата Соддржина од новиот број на S-Work можете да ја погледнете/симнете ТУКА