- За прв пат оваа година, ќе се одбележува 14-ти септември, Меѓународен ден на гордоста на сексуалните работници, како можност да се прослават и споделат приказни за самоопределувањето на сексуалните работници и нивните достигнувања во борбата за заштита на нивните права.
- Според последните статистички податоци, во 2017 година, полицијата има уапсено и обвинето вкупно 28,490 возрасни лица за проституција, од кои 11,124 мажи, 17,366 жени и 185 тинејџери. Полицијата во повеќето од овие случаи ги има уапсено сексуалните работници под неразјаснети околности, за време на полициски час, под сомневање за поседување дрога и други опијати, како и други обвиненија.
- Во последните две години во Ирска, насилниот криминал врз сексуалните работници порасна за 92% како резултат на новиот закон донесен во оваа земја каде што е незаконски да се плаќа за сексуална услуга. Со овој закон се криминализираат макроата и клиентите на сексуалните работници во Ирска. Овој закон е донесен од 2017 година и кој се однесува на сексуални прекршоци претставува само уште една верзија на „Шведскиот модел“ кој негативно влијае врз заедницата на сексуални работници, правејќи им ја работата поопасна од било кога.
Намерата на законот беше да се стави крај на побарувачката на сексуални услуги, но говорејќи за нефилтрираната Ирска, Кејт Мекгру од Сојузот на сексуални работници во Ирска вели дека овој закон резултираше со криминализација на сексуалните работници. - Мојата работа со Мери тука, значи кршење на законот. И покрај тоа што е законски да се биде сексуален работник, нелегално е да се работи заедно. Ако повеќе од една жена работи во еден стан, иститот се класифицира како бордел. Јас сум единствениот сексуален работник што работи денес. Но, другите работат во различни денови, така што нашиот стан сè уште се смета како бордел.
Целата Содржина на S-Work No. 84 можете да ја погледнете/симнете ТУКА