Во новиот број на S-Work Магазин можете да прочитате:
- Кога станува збор за сексуалното насилство при вршење на сексуална работа, тоа е многу пошироко. Според сведоштвата на сексуалните работници/чки во државата, најчесто се појавува кога се договара давање на една услуга за одредена сума, па корисникот на сексуални услуги насилно посегнува и по друг вид на сексуална услуга. Присилувањето на сексуален однос без користење контрацепивно средство од страна на клиентите е една од многу честите форми на сексуално насилство врз сексуалните работници/чки. Сексуалната работа има голема и широка тематика која се врзува со сексуалното насилство. Хот лајн услугите, салоните за масажи и виртуелните услуги користејќи го интернетот немаат голем ризик од сексуално насилство, но директното давање на сексуални услуги, како на отворената, така и на затворената сцена, се најчесто проследени со сексуално насилство – сметаат претставниците од организациите за заштита на правата на сексуалните работници/чки.
- „Тие не се гледаат себеси како жртви, како што се прикажани во законската регулатива за криминализација на проституција“, вели водечкиот истражувач Сесилија Беноит. „Тие всушност се многу слични на мене, на вас. Тие едноставно немаат предности во некои случаи“.
- Дуду Дламини (40) е активистка за права на сексуалните работници, која започнала да лобира за правата на жените уште од својата најрана возраст: „Тогаш сеуште не разбирав што навистина значи да се биде феминистка, но отсекогаш знаев дека не сакам да бидам водена од мажите“, вели таа. „Јас бев на чело во моето семејство, иако моите браќа беа постари од мене, тие го почитуваа моето мислење“, вели таа.
- Со неодамнешната промена на законите во Франција, се повеќе се зголемува бројот на насилни напади врз сексуалните работници во главниот град, Париз. Во близина на јавниот парк Bois de Boulogne во Западен Париз, едно комбе кое припаѓа на транс сексуален работник било целосно уништено. Според изјавата на сопственикот, направена е голема штета на комбето во кое таа живее и работи. Креветот и бил целосно уништен и ѓубре било расфрлано околу возилото.
Целата содржина на S-Work можете да ја прочитате ТУКА.