S-Work No.82

  • Она што првично изгледаше како брз и едноставен начин за финансирање на студентскиот живот  наскоро стана легитимна кариера која траеше 16 години. Претходно, ја гледав мојата женственост како слабост или нешто што треба да се поттисне. Но, во стриптиз клубот, тоа беше моја моќ; мојот извор на креативност и начин да ја дефинирам мојата сексуалност. Секако имало и лоши денови, но која е таа работа која нема свои подеми и падови. Сепак, во основа моето искуство како стриптизерка беше позитивно. Прилично брзо по започнувањето со оваа професија, сфатив дека начинот на кој стриптизот е промовиран од оние што профитираат од него не ја одразува реалноста на работата.

 

  • Кармен Шакти е сексуална работничка која отсекогаш сакала да стане психолог. Иако не завршила соодветно образование, сепак желбата да им помага на луѓето и била голема. По самопрогласеното „искуство за лекување“ заедно со својот партнер и уште еден професионален сексуален работник, таа сфатила дека може да им помогне на другите да ги надминат анксиозноста и траумата преку сексуална работа.

 

  • Сексуалните работници кои работат и живеат во земји каде што сексуалната работа е криминализирана, имаат три пати поголема веројатност да доживеат сексуално или физичко насилство од клиентот и двојно поголеми шанси да се заразат со ХИВ или друга сексуално пренослива инфекција, во споредба со оние кои живеат во земји каде сексуалната работа не е нелегална.

 

  • Декриминализацијата на сексуалната работа е најдобрата политика за унапредување на здравствените и човековите права на сексуалните работници, нивните семејства и заедниците. Отфрлањето на кривичното гонење на сексуална работа оди рака под рака со признавањето на сексуалната работа како работа и заштитата на правата на сексуалните работници преку стандарди за здравје и безбедност на работното место. Декриминализација значи поголема веројатност за сексуалните работници да живеат  без стигматизација, социјална исклученост и страв од насилство.

Целата содржина можете да ја погледнете/симнете ТУКА