• Секоја година на 2-ри јуни се одбележува Меѓународниот ден на сексуалните работници. Како повод за одбележување на овој ден претставува акцијата во 1975 година, кога на 2-ри јуни се собрале околу 100 сексуални работници кои ја окупирале црквата Св. Низиер во Лион, Франција, со цел за да го изразат својот гнев за нивните дискриминирани и експлоатирани услови за живеење и работење. На 10-ти јуни, во 5 часот црквата била брутално нападната од страна на полицијата. Оваа нивна протестна акција претставува почеток на меѓународното движење на секусалните работници кои се залагаат за своите права. Оттогаш секоја година овој ден се одбележува како Меѓународен ден на сексуалните работници во Европа и низ светот.

 

  • Во текот на 2017 година СТАР-СТАР спроведе истражување меѓу младите сексуални работници, со цел мапирање на нивните потреби од здравствени и социјални услуги. Истражувањето е спроведено меѓу 30 сексуални работници на возраст од 18 до 24 години, од кои повеќе од половината се жени, потоа шест мажи и седум трансродови лица.
    Во однос на здравствените услуги, повторно се потврди наодот дека сексуалните работници главно користат здравствени услуги поврзани со сексуалното и репродуктивното здравје од здруженијата на граѓани, бидејќи имаат доверба во нив и, за разлика од јавното здравство, не се соочуваат со стигма и
    недостоинствен третман.

 

  • Декриминализацијата на сексуалната работа е единствениот модел кој е поткрепен со богатство на докази што укажуваат на подобрувања на условите за работа и живот кај сексуалните работници. Декриминализацијата го подобрува здравјето, безбедноста и благосостојбата на сексуалните работници. Затоа, и самите сексуални работници сметаат дека декриминализацијата е најдобриот модел за регулација на нивната работа, а не затоа што тоа би им овозможило остварување на поголем профит.

Целата содржина можете да ја погледнете/симнете ТУКА