1-ви мај – Меѓународен ден на трудот: Сексуалната работа е слободен избор на професија
СТАР-СТАР како Здружение на граѓани за поддршка на маргинализирани работници, се вклучува во борбата за социјална правда и работнички права. СТАР-СТАР има една заедничка цел, а тоа е унапредување и промоција на правата на сексуалните работници во Република Северна Македонија.
Сексуалните работници „мора да изберат помеѓу легално или безбедно работење“
Стигматизацијата на сексуалните работници – мажи и жени, цис и трансродови, ескорти, масери/ ки, има негативно влијание врз безбедноста на сексуалните работници кои работат на отворена или затворена сцена и ја прават работата поопасна отколку што е, вели Елена Џефрис, координаторка на групата за застапување на сексуалните работници – Respect Inc .
Сексуалните работници бараат декриминализација на работата со која заработуваат за живот
„Мислам дека со самата моја борба, барем околината во која што живеам, ја освестувам дека дискриминацијата што ја прават е неправедна. Дека и јас сум дел од таа околина, моето дете е дел од таа околина, дека ние тука припаѓаме и дека не сум ништо поразлична од нив”, истакнува таа.
Три митови за сексуалната работа кои им наштетуваат на сите
Постојат широко прифатени митови за сексуалната работа кои постојано ги уназадуваат сексуалните работници ширум светот. Политичари и активисти кои ги овековечуваат овие митови веруваат дека спасуваат луѓе. Наместо внимателно да ги разгледуваат фактите со цел да се намали насилството и маргинализацијата кои сексуалните работници секојдневно ги трпат, тие единствено само помагаат во одржување на овие штетни стереотипи.
Целата Содржина на S-Work No.80 можете да ја прочитате/симнете ТУКА