- За време на Светската конференција на ИЛГА (Интернационална организација која ги астапува правата на ЛГБТИ луѓето) која се одржа во Нов Зеланд, активистите на ЛГБТИ организациите во светот одлучија да се справат со стигматизацијата на сексуалните работници, кои се вклучени во ЛГБТИ движењето. Нивната одлука за поддршка на правата на сексуалните работници и декриминализација на сексуалната работа беше усвоена на завршната седница на конференцијата за спротиставување на сите форми на криминализација и законско угнетување на сексуалните работници. „Сметаме дека справувањето со насилството, криминализацијата и кршењето на човековите права против ЛГБТИ заедницата и сите сексуални работници мора да биде приоритет за нашето глобално ЛГБТИ движење“, вели Рут Балдакино, генерален секретар на ИЛГА. „Сексуалните работници се составен дел од нашата ЛГБТИ заедница и движења и ги обликуваат клучните моменти во квир историјата: ние мораме да ги слушаме нивните гласови, да застанеме покрај нив и да ја продолжиме нашата борба за социјална правда за сите“.
- Новата гранка на Сојузот на синдикати е отворена за сите во секс индустријата вклучувајќи ги и стриптизерите/ките, бурлеските и го-го танчерите/ките, сексуалните работниците кои работат преку онлајн видеата, луѓето кои снимаат порнографија, т.е. вклучува било каква форма на сексуална работа. Мегара Фури, сексуален работник од Глазгов и една од активисите која се бореше за создавањето на оваа гранка, вели дека ова е одлична можност за сексуалните работници кои работат низ цела Британија да бидат слушнати.
- Трансродовите лица секојдневно се соочуваат со стигма и дискриминација од општеството. Истите се соочуваат со невработеност и бездомништво и тоа се едни од причините поради кои трансродовите лица започнуваат да работат како сексуални работници. Тие се вклучуваат во сексуалната индустрија пред сè од социјален и економски аспект. Општеството има тенденција да ги гледа транс лицата преку многу строги стереотипи. Секој што има чувство дека не припаѓа на полот со кој е роден, го сметаат за „ненормален“, дури во некои ектремни случаи за „одвратен“. Поради дискриминацијата и стигмата со која секојдневно се соочуваа оваа маргинализирана заедница, станува се потешко за трансродовите лица да најдат работа. При тоа, постојат голем број луѓе кои го кријат својот транс статус со цел да ја задржат својата работна позиција.
- Правото на контрола на нашиот личен сексуален живот е од суштинско значење за феминизмот како движење, исто како што е правото за контрола на нашата репродукција. Секој закон со кој се негираат правата на жените за слободен избор и се скратуваат нивните можности е закон кој ги етикетира жените и ги става под контрола на мажите. Време е феминистките насекаде низ светот да ја препознаат потенцијалната вредност во сексуалната работа и да лобираат за промена на начинот на кој сексуалната работа денес се перцепира во општеството.
Целата соддржина на нашиот магазин можете да ја погледентете/симнете ТУКА