3-ти март – Mеѓународен ден на правата на сексуалните работници

  • Поради непостоење на организирано делување за поддршка, промовирање и унапредување на  основните човекови права на сексуалните работници, страдањето и тортурата се рефлектираат и врз нивните семејства, пријателите, нивните деца, како и врз нивните брачни партнери.

Сексуалните работници имаат право на живот, слобода и сигурност

  • Одбележувањето на 3ти март, Меѓународен ден на правата на сексуалните работници датира уште од 2001 година, кога над 25,000 сексуални работници успеале да се соберат на фестивал во Индија и покрај напорите на одредени групи кои се обидувале да го спречат нивниот собир, вршејќи притисок врз Владата да им ја одземат дозволата. Оттогаш, секоја година, заедници на сексуални работници и организации за поддршка на сексуалните работници ширум светот го одбележуваат 3-ти март како Меѓународен ден на правата на сексуалните работници.

Сексуалните работници како иницијатори на првите општествени движења низ целиот свет

  • Сексуалните работници се неприфатени во општеството, а сепак многу малку знаат дека токму
    сексуалните работнци се тие кои ги создале први општествените движења низ целиот свет. Во средновековна Европа, сексуалните работници кои работеле во бордели, одвреме-навреме учествувале на штрајкови или улични протести, како реакција на затворањето на нивните работни места, или поради неприфаќање на лошите услови за работа. Во 15-иот век, голем број сексуални работници се собрале на масовен протест пред Градското собрание во Баварија барајќи ги своите права, при тоа истакнувајќи дека сексуалната работа е само работа, а не грев, како што повеќето ја сметале во тоа време.

ТрансФормА – Иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица во Македонија

  • Почетоците на ТрансФормА се во просториите на Коалиција Маргини, во 2011 година. Првичните средби се користат за дружење и мапирање на проблемите и потребите на оваа маргинализирана група. Тогаш познати само како „транс група“, овие луѓе преку своите контакти со други граѓанските организации и поддржувачи, започнуваат да создаваат видео материјали и мали прирачници кои би им биле од корист на сите од заедницата. Групата има и своја развојна фаза во рамките на ЛГБТИ Центарот за поддршка, во форма на транс група за поддршка. Тука започнуваат контактите и обуките со психолози, психијатри, како и претставниците на медицинските тимови и активистичките групи од Белград.

Целата соддржина на нашиот магазин можете да ја погледентете/симнете ТУКА