• Дали пријавувањето на сексуален напад во полиција е единствениот начин на кој една држава го мери насилството и дали навистина сме ние безбедни? Едноставно, не може да се извлече заклучок дека сексуалните напади се случуваат поретко само поради тоа што се пријавени помалку случаи во полиција.

 

  • „Една вечер, бев излезен во центарот на градот со мојот пријател и како што се шетавме по улиците да најдеме дрога, тој ме посоветува дека со мојот изглед можам да направам многу пари. Потоа ми даде неколку контакти… Влегов внатре и за еден клиент ми беше потребно околу десет минути… Направив 200 долари првата вечер”.

 

  • Медиумите ги претставуваат клиентите како луѓе кои сакаат само забава, како милионери кои плаќаат девојки како придружнички за викенд на своите јахти. Потоа, тука е начинот на кој сексуалните работници се претставени во медиумите со едната иста фотографија: рака се протега од прозорецот на автомобилот, а до него прикажани разголени нозе на некоја девојка.

 

  • Ова не е посебна ноќ во Патаја, град кој се наоѓа на околу два часа јужно од Бангкок. Ова е секојдневие во овој град со околу 100,000 жители. Сепак, има уште едно културно обележје што целосно го дефинира овој град, а тоа е областа со црвените светла, позната по сексуалните работници кои ги нудат своите услуги на улица. Патаја е само една од многуте локации каде што цвета сексуалната работа. Сексуалната работа во Тајланд вработува околу 250,000 луѓе и носи годишни приходи од околу 6,4 милијарди долари, што претставува 10% од БДП на Тајланд. Овие податоци се добиени преку Хавокскоп, база на податоци која на јавноста им дава информации за глобалниот црн пазар.

Целата содржина на S-WORK можете да ја погледнете/симнете ТУКА