• Традиционално, како и секоја година, СТАР и сексуалните работници го одбележаа 17-ти декември, Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници со организирање на Марш на црвениот чадор во центарот на Скопје. Околу 100-тина учесници, сексуални работници, активисти и поддржувачи маршираа од пред Спомен куќата Мајка Тереза до плоштадот Карпошово востание, приклучувајќи се кон глобалната акција за солидарност кон сексуалните работници со цел да се намали насилството и дискриминацијата со кои секојдневно се соочува оваа маргинализирана група.

 

  • Декриминализацијата отвора можности за креирање безбедни услови за работа на  сексуалните работници. Декриминализацијата овозможува здружување на сексуалните работници кои организирано би можеле да ги пријавуваат ризичните фактори на нивното работно место и да инсистираат на добивање подобри услови.

 

  • Според истражувањата на експерите од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, сексуалните работници кои страдаат од полициска репресија – вклучувајќи ги и апсењето, затворањето и изнудувањето од страна на полицајците – имаат три пати поголеми шанси да доживеат сексуално или физичко насилство од клиентот и два пати поголема веројатност да се заразат со ХИВ или некоја друга сексуално пренослива инфекција од оние сексуални работници кои работат и живеат во земји каде што се толерира сексуалната работа.

 

  • Жената која ја нудеше работата, едноставно ме гледаше во очи и без никакви двоумења ме праша дали сакам веднаш да започнам со работа. Едноставно, немав друг избор, а немав ни време и ја прифатив понудата. Ме праша за името, и одговорив: „Јас сум Нена“. „Влези Нена, те чека клиент за масажа“. Влегов во собата каде што се прават масажи, ме обзема страв, бидејќи незнаев како се прави тоа. Се чудев на самата себе си како да започнам, едноставно не можев да се замислам непознат човек да ме види гола. Но нешто длабоко во мене ме охрабри, можеби тоа беше желбата за промена во животот, или гладта која ја чувствував. Сеедно, влегов во собата, го измасирав клиентот онака како што се бараше од мене. Откако заврши смената, се истуширав и седнав. Се чувствував како да сум на друга планета, едноставно не бев свесна каде сум и која сум. Жената ми даде пари и ме праша дали ќе дојдам повторно и утре. Ја погледнав и реков: „Да, ќе дојдам!“

Целата содржина на S-Work No.76 можете да ја погледнете/симнете ТУКА