• Светскиот ден за борба против СИДА се одбележува секоја година на 1-ви декември и претставува можност за луѓето ширум светот да се обединат во борбата против ХИВ, да ја дадат својата поддршка за луѓето кои живеат со ХИВ и да укажат почит кон оние кои починале. Светскиот ден на СИДА-та е една од осумте глобални кампањи за здравје на Cветската здравствена организација и за прв пат се одбележала во 1988-та година. Оттогаш, па се до денес овој ден се одбележува насекаде во светот.

 

  • Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници за прв пат беше одбележан во 2003 година како спомен и почит за жртвите – сексуални работници на убиецот од Грин Ривер во Сиетл, Вашингтон, кој потоа беше осуден на доживотна казна затвор. Оттогаш, на овој ден секоја година се организираат протесни маршови на сексуалните работници од целиот свет со цел да ја истакнат потребата за ставање крај на насилството врз нив.                                                                                                                                                                                                                                                                                                              –
  • „Бев многу шокирана кога почна брада да расте на моето лице, дури и ги убедував моите родители да ме носат на дерматолог, бидејќи чувствував дека тоа не треба да ми се случува. Тогаш не знаев дека моите гениталии, широки рамења, подолги нозе и раце не го дефинираа моето тело како машко и сакав да сменам сè. Ми требаше долго време ми да почнам да го прифаќам своето тело. Растејќи во друштво кое не толерира клемпави уши, а камоли нешто друго, во околина што не научила дека автентичноста е она што на убавината и дава трета димензија. Во општество кое ќе ве дефинира како грда кога некој ќе најде нешто што не му се допаѓа кај вас, во општеството кое не знае што значи да се биде транс, каде насилството е одговор за секоја различност.

 

  • Преку мои пријатели кои исто така лично ја познаваат Ирина. Ми раскажаа кој е всушност целокупниот концепт за нејзината ревија, дека станува збор за перформанс кој вклучува различни профили на личности кои се несекојдневни и кои општеството гледа поразлично на нив. Откако ми ја доловија нејзината идеја, стапив во контакт со Ирина. Бидејќи навистина ми се допадна тоа што таа сака да го постигне со нејзината ревија без двоумење прифатив да бидам дел од истата. Ми се отвори можност за поголема видливост како трансродова личност. На самата ревија учествуваа 11 девојки од кои 4 беа професионални манекенки, а другите седум учеснички беа девојки и жени кои на некој начин се отфрлени или дискриминирани од општеството поради нивниот физички изглед.

Целата содржина на S-Work No.75 може да ја погледнете  ТУКА