• Британски пратеници притискаат со цел се повеќе да се казнуваат клиентите кои купуваат секс, додека никој не слуша што всушност сакаат сексуалните работници.

Група пратеници ја притискаат Британската влада да стори што е можно повеќе со цел да ја искорени
сексуалната експлоатација, а при тоа сметаат дека сите онлајн реклами преку кои сексуалните работници ги нудат своите услуги треба да бидат забранети. Сепак, сексуалните работници велат дека тоа ќе го загрози нивниот живот и нивната сигурност доколку се игнорираат нивните гласови во дебатата.

  • Сексуалните работници се задоволни од своите работни места и не се гледаат себеси како жртви, открива едно национално истражување.

Повеќето сексуални работници во Канада се чувствуваат удобно работејќи ја сексуалната работа, се вели во националното истражување спроведено меѓу сексуалните работници, нивните партнери, клиенти и менаџери. Истражувачката студија, финансирана од Канадските институти за истражување на здравјето, врз основа на стотици интервјуа спроведени во шест градови, покажа дека 70% од сексуалните работници се задоволни од своите работни места. Осумдесет и два проценти сметаат дека се соодветно платени и 68% од нив се чувствуваат безбедно на работа.

  • Реалноста во Јужна Африка

Околу 7,1 милиони луѓе во Јужна Африка живеат со ХИВ. Тоа е околу 12,6% од општата популација. Кај МСМ
популацијата, оваа бројка изнесува 34,6%. Обезбедувањето на здравствени услуги за оваа група претставува предизвик поради разновидноста на истата. Многу мажи кои имаат секс со мажи не се идентификуваат себе си како геј. Тие можат да се идентификуваат како бисексуалци или хетеросексуалци, или пак да сметаат дека не припаѓаат во ниедна од овие подгрупи. При тоа, се отежнува можноста да се пронајдат начини како да се допре до оваа популација.

Целата содржина можете да ја прочитате/симнете ТУКА