• Според Шведскиот модел за регулација на сексуалната работа во земјите од Европа кои го воведоа овој закон, купувањето на сексуална услуга се казнува, но не и продавањето. Па така, во Гава, шпанска провинциска општина во Каталонија со намера да ја исчисти проституцијата од улиците и да ги елиминира клиентите кои купуваат сексуални услуги започна да испраќа казни на нивните семејства. На овој начин, општината смета дека ќе го намали бројот на сексуални работници кои најчесто работат на улиците во Гава, доколку ги казнуваат нивните клиенти со парични казни.
  • Може ли да раскажеш некоја случка од твојот живот кога си била нападната или малтретирана?
    Пред две години, бев нападнат од непознато лице само затоа што бев облечен како жена. Тоа се случи токму пред мојата зграда. Ми рече: „Оваа населба не е за хомосексуалци, во Македонија не смее да има
    хомосексуалци. Оваа земја е традиционална и не сакаме да постојат никакви транссексуалци и
    хомосексуалци“.
  • Многу феминистки силно веруваат дека сексуалната работа е деградирачка. Според нив, тоа се жени кои се облекуваат вулгарно и немаат никаква самопочит. Многу често, овие „феминистки“ знаат јавно да ги посрамотат жените кои работат како сексуални работнички.
  • Во септември 1979 година, имав можност неколку недели да се дружам со Лоло Пигал. Таа беше најстарата стриптизерка во истоимената стара париска населба Пигал. Денес Лоло ја нема. Таа беше интелигентна и префинета жена, и беше многу почитувана во областа. За мене, таа беше како еден вид пасош. Кога одев со Лоло во клубовите, сите не сметаа за недопирливи. Со неа можев да отидам каде што ќе посакав.

Целета содржина на S-Work можете да ја симнете/прочитате ТУКА