2-ри јуни – Меѓународен ден на сексуалните работници

Меѓународниот ден на сексуалните работници се одбележува секоја година на 2-ри јуни. Овој ден се смета за симболично раѓање на движењето на правата на сексуалните работници. Во седумдесеттите години од минатиот век, француската полиција вршела постојан притисок врз сексуалните работници. Честите полициски акции ги принудувале сексуалните работници да работат во голема тајност. Како резултат на тоа, заштитата на сексуалните работници речиси целосно се намалила, доведувајќи до зголемен број случаи на насилство врз нив.

Две од оние“: Арт-акт-ум за моралот и предрасудите

Помина многу време откако пудрата и карминот на „Две од оние“ некогашни скопски ноќни дами од „Фенерли-ан“, „Венеција“, „Марс“, „Океан“, „Бела кафеана“, од „Бристол“, полека беа избришани од тешката рака на стигмата.

Сексуалната работа во минатото – Урбана историја на старо Скопје

Најпознати кафеани – јавни куќи во Старата чаршија биле „Јанчев ан” и „Фенерли ан”. „Јанчев ан” се наоѓал на просторот кај денешното плато пред црквата „Св. Спас”, и тој објект сега веќе не постои. Иако денес многумина поминуваат покрај „Фенерли ан”, не знаат дека тој некогаш бил јавна куќа. Се наоѓа над дуќанот на клучарот Мирко, а пред познатото кафуле „Наргиле”. Ова е еден од објектите кои ја чуваат патината на старата архитектура од Чаршијата. Случајно или не, него и денес го краси еден стар фенер. Постојат многу анегдоти и необични ситуации поврзани со јавните куќи во Скопје. Проституките најчесто се криеле зад необични и звучни имиња: мадмоазел Лили, Црна Маца, Фифи, Роса, Лотосов Цвет. И околу Зеленото пазарче имало јавни куќи, а едната од нив го носела името „Рудник”. Еден од постарите жители од тој крај ми раскажуваше дека најпопуларна била мадмоазел Лили. Преку лето, таа со голи гради се сончала на прозорецот. А пред прозорецот имало врвулица од луѓе, љубопитници и почитувачи на дамата. Но, не можел секој да влезе во јавната куќа, особено не сиромашните. Еден работник од Монополот смислил итрина – неколку денови во неделата не пушел цигари и јадел црн леб. Заштедата била доволна за една посета кај мадмоазел Лили.

Мажи кои имаат секс со мажи (МСМ) и ХИВ/СИДА

На глобално ниво, мажите кои имаат секс со мажи (МСМ) се за 24 пати повеќе изложени на ризик од ХИВ, во споредба со општата популација. Нови случаи на лица кои живеат со ХИВ кај оваа група се зголемуваат во некои региони – со пораст од 17% во Западна и Централна Европа и пораст од 8% во Северна Америка, помеѓу 2010 и 2014 година.

Целата содржината на S-Work No.69 можете да ја погледнете/симнете ТУКА