• 1-ви мај – Меѓународниот ден на трудот е посветен на зачувување и унапредување на правата на работниците низ целиот свет. Овој ден за првпат се одбележал во 1889 година во знак на почит кон жртвите на работничкиот штрајк што се одржал од 1-ви до 4-ти мај 1886 год. во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел да се воведе 8-часовен работен ден, била употребена сила од страна на полицијата, при што имало и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот биле изведени на суд, од кои четворица од нив биле погубени.
  • Во изминатиот месец, во САД исчезнаа четиринаесет жени, а уште три беа убиени. Вообичаено кога жени исчезнуваат или умираат, се пишуваат наслови по медиуми кои инстанто се шират низ целиот свет, се прават хаштази од познати личности кои ги твитаат нивните #ThoughtsAndPrayers, кои жалат за губењето на овие жени барајќи правда. Но, овие жени се сексуални работнички, а многу од нив се дел од маргинализирани и ранливи заедници. Тишината од медиумите е заглушувачка: никој не се грижи, освен заедницата на сексуални работници. Информациите кои излегуваат во јавноста се претежно анегдотски, или пренесени од други сексуални работници, како предупредување за другите да не станат дел од оваа статистика.
  • „Средината во која претходно работев беше токсична, моите колеги беа несреќни. Јас сум тип на личност која сака подинамично секојдневие”.
    Бела почнала да работи како ескорт девојка додека живеела во Сингапур, потоа повторно се вратила во Перт каде што сега работи како сексуална работничка со полно работно време.
  • Оваа трансродова жена воопшто не се плаши да зборува за својата транзиција, напротив смета дека со поголема транспаретност за транс заедницата во медиумите ќе се помогне во решавањето на многу негативни и штетни стереотипи.
    Кога започна да сфаќаш дека припаѓаш на спротивниот пол?
    Уште во најраното детство чувствував потреба да се облекувам како девојче. Секогаш кога моите беа на работа или одеа на гости, јас ја користев приликата да бидам сама и се облекував во фустаните на мајка ми. Користев од шмините на мајка ми и стоев пред огледалото замислувајќи се дека сум девојче. На 16 години сфатив дека сум поразлична од другите момчиња, се до мои 26 години кога решив да „излезам од плакарот“ и да се прифатам себеси како транс личност.

 

Целата содржина можете да ја прегледате/симнете ТУКА