Сексуалните работници тежнеат да ја пронајдат својата љубов исто како и сите други.
Додека лежев во кревет со еден мој клиент, откако завршивме со секс, тој ненадејно се сврте накај мене, ме погледна во очи и ме праша:
„Кој е твојот број?”
Секако не мислеше на мојот телефонски број за работа. Се разбира, го знаеше, јас му го дадов неколку недели порано. Не, тој прашуваше за мојот друг број.

Црквата во Кејптаун повикува на декриминализација на сексуалната работа

„Исус бил првиот за декриминализација на сексуалната работа”, стои на банерот на црквата. Пречесниот Отец Алан Стори од Централната методистичка црква во Кејптаун, заедно со членовите на Азиската коалиција за декриминализација на сексуалната работа, минатиот месец кренаа знаме пред црквата за поддршка на сексуалните работници.

Сексуалната работа и трансродовите лица: Истражување на стереотипите

Се чини дека има многу транс лица, особено транс жени, се вклучени во сексуалната индустрија. Местата на кои транс лицата ги нудат своите услуги варираат, односно, можат да работат на улица или пак како ескорти во апартмани или хотели, стриптизери/ки во клубови, до модели пред веб камери. Во својата книга, ,,Редефинирање на реалноста“, водителката на So POPular и транс – активистка Џенет Мок излезе во јавноста со изјава дека ја работела сексуална работа со цел да заработи пари за да може да плати за операцијата на промена на полот. Следува прашањето: Зошто има толку многу луѓе кои работат како сексуални работници?

Повеќе контрола, но и поголема несигурност: Како интернетот ми ја смени работата како сексуален работник?

Истражувачите на Универзитетите од Лестер и Стратклајд поминаа две години интервјуирајќи сексуални работници, организации за нивна поддршка и клиенти за потребите на студијата за сексуална работа базирана на Интернет. Во нивната студија „Надвор од погледот”, истражувачите анкетирале 641 сексуален работник кои користат интернет за својата работа и 1323 клиенти. 80% од оние кои користат Интернет рекле дека се задоволни од работните услови. Речиси две третини изјавија дека не би ја работеле сексуалната работа доколку немаат Интернет. Еден од интервјуираните сексуални работници изјавил: „Доколку немавме Интернет, сè ќе се одвиваше тајно и сите ќе се плашеа”. Сепак, 80% од испитаниците биле жртви на насилство во последните пет години и многумина доживеале малтретирање и добивале закани.

 

Целата содржина на S-Work No.67 можете да ја погледенете ТУКА