- Сексуалните работници се социјално исклучена група која секојдневно се соочува со стигма и дискриминација од страна на општеството, полицијата и институциите. Во Р. Македонија, сексуалните работници живеат и работат во небезбедни услови и се во постојан страв од малтретирање, насилство и злоупотреба. Стравот се јавува поради непостоење регулирани законски мерки кои ги ограничуваат основните права и слободи на сексуалните работници да живеат и работат како луѓе еднакви со сите други во општеството.
- Минатиот октомври, 36-годишната жена, сексуална работничка од Балтимор, на својот приватен блог и својот Фејсбук профил објавила дека била жртва на сексуално насилство. Но, наместо да добие поддршка, Хил вели дека добила пораки што велат дека таа заслужува да биде сексуално нападната, бидејќи 20 години работи во секс индустријата. „Тие не сакаат да вклучуваат жени како мене”, вели Хил, кој работи како сексуална работничка истовремено и како модел на веб-камера. „Со сигурност ќе речат дека сме само курви. Како може една курва да биде сексуално малтретирана? Морам да признаам
и јас неколку пати сум си го рекла истото“. - Шакти откако излегла од насилна врска, се фокусирала на лекување од истата, како и на истражување на сексуалноста. Таа сега работи во својот дом во Ванкувер со клиенти кои никогаш досега немале сексуална интимност поради тешки анксиозни нарушувања. „Имав еден клиент кој веројатно беше во своите четириесетти години и кој никогаш досега немал сексуално искуство со друго лице, поради имање сериозен проблем на социјална вознемиреност”, вели таа. По нивната средба, Шакти добила позитивни вести од својот клиент, кој тој и ги испратил на меил. Тој запознал жена, која го заинтересирала и започнал со сопствено сексуално истражување.
- Во Р. Македонија има голем број трансродни лица кои се занимаваат со сексуална работа. Повеќето од нив работат тајно во изнајмени апартмани или сопствени станови и не излегуваат во јавноста бидејќи секојдневно се соочуваат со стигма, дискриминација и насилство. Сексуалните работници, особено трансродните лица вклучени во секс индустријата, иако самостојно ја избрале оваа работа, сепак постојано се соочуваат со стереотипи од општеството. Во продолжение, една трансродна сексуална работничка отворено зборува за својата работа, интимниот живот и нејзиното опкружување. Не е откриено незјиното име со цел да се зачува нејзиниот идентитет.
Кога започна да се занимаваш со сексуална работа?
„Оваа работа ја работам уште од најрана возраст. На 16 години почнав да се облекувам како женско по дома, затоа што така се чувствувам најубаво. Потоа, почнав да ги ставам сликите на сајтови за запознавање кои беа популарни во тоа време. Една личност откако највероватно му се допаднале моите слики, ми понуди пари да бидам со него и јас секако отидов на средбата. Сфатив дека парите ми се добредојдени и оттогаш активно сум вклученса во сексуалната работа“.
Целата содржина на S-Work No.66 можете да ја погледнете ТУКА