S-Work No.65 Содржина:

 

  • Постојат широко прифатени митови за сексуалната работа кои постојано ги уназадуваат
    сексуалните работници ширум светот. Политичари и активисти кои ги овековекуваат овие
    митови веруваат дека спасуваат луѓе. Наместо внимателно да ги разгледуваат фактите со цел да
    се намали насилството и маргинализацијата кои сексуалните работници секојдневно ги трпат,
    тие единственото помагаат во одржување на овие штетни стереотипи во нашите глави.
  • “Наредниот ден се јавив на бројот. Иститот ден се сретнав со една жена за која сметам дека беше
    една од најгламурозните жени кои ги имам видено во мојот живот. Водеше агенција за ескорт
    девојки во склоп на еден хотел. Се сеќавам ми рече дека и таа работела како придружничка се
    додека не се вљубила во својот макро, со кој сега ја води агенцијата.”
  • Во однос на трансродовите сексуални работници, може да се каже дека нивните проблеми се
    зголемуваат поради нивниот родов идентитет и сексуална ориентација. Повеќето од нив се
    соочуваат со дискриминација од страна на своите клиенти, а оние кои се обидуваат да ја напуштат
    оваа професија, наидуваат на голем број пречки, при тоа не можат да најдат работа на друго место.
    Шери Шеркуеса (26), трансродова сексуална работничка и Никол Хусин (23), бивша ескорт девојка
    раскажуваат за своите искуства и предизвици како трансродови сексуални работници.
  • Во 1983 година, Стромхолм ја објавил книгата Les Amies de Place Blanche, составена од неговите
    фотографии, како и од неколку есеи.
    „Ова е книга за несигурноста. Портрет на оние кои живеат поинаков живот во Париз, за луѓето кои
    ја издржуваат грубоста на улицата. Ова е книга за потрагата по сопствениот идентитет, за правото
    на живот, правото на контрола врз сопственото тело. Но, ова е книга и за пријателството, една
    приказна за животот кој го живеевме во Place Blanche, за пазарите, улиците и малите хотели во
    кои престојувавме. Ова се слики од едно друго време. Времето во кое де Гол беше претседател
    и Франција војуваше со Алжир. Ова се слики од жени – родени како биолошки мажи – кои ги
    нарекуваме транссексуалци. Но јас, јас ги нарекувам „моите пријатели од Place Blanche“. Ова
    пријателство започна овде, во раните 60-ти и трае до ден денес“, вели авторот.

 

Целата Содржина на S-Work No.65 можете да ја погледнете/симнете ТУКА