• Оваа година на 17-ти декември, во центарот на Скопје, по десетти пат беше одбележан
    Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници. На улица Македонија беше одржан Марш на црвениот чадор со цел да се потенцира загрижувачката состојба во
    која сексуалните работници живеат и работат. По тој повод, сексуални работници, активисти за
    човекови права и поддржувачи со црвени чадори во рацете маршираа од пред спомен куќата
    Мајка Тереза до плоштадот Карпошово востание.
  • Skopje Red Light District беше организиран од страна на граѓанската иницијатива за заштита и
    унапредување на правата на сексуалните работници „СТАР-СТАР“ во соработка со коалицијата
    „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“. Настанот во целост беше
    покриен од голем број на телевизиски медиуми.
    Низ слики Ви пренесуваме дел од атмосферата и што сè се случуваше додека сексуалните
    работнички го имаа својот атрактивен перформанс.
  • Агустин има спроведено истражување за миграцијата и сексуалната работа на границата помеѓу
    Мексико и САД, на Карибите, во Јужна Америка и во неколку други европски земји. Исто така,
    неколку години има учествувано во истражување со голем број социјални работници со цел да им
    помогне на мигрантите во Шпанија. Во 2004 година, добива титула доктор на науки по културни
    студии и социологија на отворениот универзитет во Велика Британија.
  • „Кога пријавуваме во полиција ни се смеат, си тераат сеир во смисла `сама си го барала`. Ни велат
    – работи нешто друго, мети улици. Понекогаш и полицијата не` малтретира, дури и ни бараат
    бесплатни услуги доколку ни помогнат да избегнеме насилство од некој клиент. И така од една
    лоша влегуваме во друга полоша ситуација на закани и уцени од луѓе кои работат во институциите“
    – раскажува таа.
    Дамата од излогот вели дека единствено сака да престанат теророт и стигмата. „Оние кои осудуваат
    јавно, кај нас уживаат тајно. Ние сме ја избрале професијата и бараме заштита. Секоја регулација
    носи и права и обврски, па и за нас – од плаќање данок до редовни прегледи. Можат да не мразат
    затоа што го работиме тоа, но никој нема право да не малтретира“.

 

Целата содржина на S-Work No.64 можете да ја прочитате ТУКА!