- 10 години од кампањата за 17-ти декември
– Оваа година се одбележуваат јубилејни 10 години од кампањата за 17-ти декември –
Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници. Како и секоја година
првиот Колектив на сексуални работници СТАР-СТАР заедно со своите поддржувачи, ќе се
приклучи кон Глобалната акција за солидарност кон сексуалните работници во пресрет на овој
значаен ден.
- Светскиот ден на СИДА-та
– Светскиот ден за борба против СИДА се одбележува секоја година на 1-ви декември и претставува можност за луѓето ширум светот да се обединат во борбата против ХИВ, да ја дадат својата поддршка за луѓето кои живеат со ХИВ и да укажат почит кон оние кои починале. Светскиот ден на СИДА-та е една од осумте глобални кампањи за здравје на Cветската здравствена организација и за прв пат се одбележала во 1988-та година. Оттогаш, па се до денес овој ден се одбележува во скоро сите држави во светот.
- Зошто треба да се декриминализира сексуалната работа
– Постојат повеќе причини зошто декриминализацијата на сексуалната работа претставува најдобра политика за унапредување на здравјето и човековите права на сексуалните работници, нивните семејства и заедници. Елиминирање на делот од Кривичниот закон кој ги гони сексуалните работници ќе придонесе до препознавање на сексуалната работа како работа, заштита на нивните човекови права, зголемување на безбедноста на нивното работно место и полесен пристап до здравствени услуги. Со декриминализација на сексуалната работа е поголема веројатноста сексуалните работници да живеат без стигма, социјална исклученост и без стравот од насилство.
- Животот како сексуален работник не е воопшто таков како што го замислувате
– Повеќето ги гледаат личните искуства на сексуалните работници и причините за започнување со сексуалната работа како еднолични и типични приказни, но ајде овој пат да ја разгледуваме другата страна: Сара (работи како сексуален работник на улица), Марија (сексуален работник во бордел), Лук (машки сексуален работник), Мередит (ескорт девојка) и Тед (машки сексуален работник) имаа нешто сосема различно да кажат.
Целата содржина на S-Work No.63 можете да ја погледнете/симнете ТУКА