S-Work No.62 Содржина:
- Леиг Давидс е трансродна жена која живее во Кејптаун. На 14 години има избегано од дома за да се пронајде себеси во заедница на трансродни жени, сексуални рабонички. По многу години, поминати на улица, Леиг станува голем активист за правата на транс сексуални работници.
- Сексуалната работа во Женева е легализирана уште од 1942-та година. Сексуалните услуги може да се продаваат помеѓу две возрасни личности и се сметаат за независна економска активност. Присилната сексуална работа е нелегална и забранета. Сексуалните работници се регистрираат како самовработени и плаќаат даноци за нивната заработувачка на државата.
- “Веќе долго време работам како сексуална работничка во легалните бордели во близина на Невада. Мојата работа не е само услужување на клиентите, туку и сопствената потреба да бидам финансиски стабилна. Откако ја работам сексуалната работа, имам забележано дека многу луѓе околу мене не знаат
многу за оваа работа. “ - Иако сум свесна дека со сексот се заработува, сепак не можам, а да не бидам искрена дека со тоа следуваат и неколку заморни и досадни задачи. Мојот живот како независен сексуален работник е далеку од совршен. Сепак треба да вложиш многу напор за да испадне сè како што треба. Понекогаш ме мрзи да работам и поголемиот дел од денот го поминувам на eBay. Но, верувам дека сите имаат тешки денови, денови кога едноставно не ти се работи. Иако повеќето мислат дека сексуалните работници поголемиот дел од времето го поминуваат во кревет, се потрудив да ви демонстрирам како изгледа секојдневието на повеќето сексуални работници.
Целата Содржина на S-Work No.62 можете да ја погледнете ТУКА.