Стигнавме и до 59 издание на S-Work, во продолжени краток приказ на содржината за овој месец:
– Лаура Ли – Сексуален работник и активист: „Сега е многу потешко да се биде безбеден”.
Лаура е голем оптимист, со спиење само од четири часа таа мора да се подготви за состанокот со својот клиент, висок човек, крос дресер, кој доаѓа со својот ранец во кој има розева перика и женска облека. „Едноставно не чувствува дека неговата сопруга ќе ја разбере неговата желба да се облекува во женска облека, но јас потполно го разбирам”, вели таа, со сочувство.
– Ugly Mugs не потсетува на грдата реалност и на насилството врз сексуалните работници
Брејди е писател и теренски работник кој дистрибуира игли и кондоми и им дава совети на оние кои работат на улицата Сент Килда во Мелбурн. Како мотив за да започне со Ugly Mugs и да пишува приказни, било убиството на нејзината пријателка, сексуалната работничка Трејси Конели. Веста за нејзината смрт силно ја погодила. Неколку години подоцна, во 2003 –та година се случило уште едно убиство, кое дополнително ја шокирало. Брејди особено се разочарала од ограниченото медиумско покривање и известување за овој случај, што пак ја охрабрило да продолжи да раскажува приказни преку Ugly Mugs.
– Губењето невиност со сексуален работник може да има терапевтско влијание
Бади откако поминал една недела во камп надвор од градот се вратил во Мериленд за својата роденденска забава. Има 29 години, и сеуште ја нема изгубено својата невиност. Но, решен е тоа да го промени токму кога ќе влезе во својата трета деценија. „Тоа беше нешто што навистина се обидов да го задржам во приватност и причина плус да се извлечам од врските”, вели тој. Таа вечер, Бади ја поминал вечерта во еден бар со некои стари пријатели од работа. Во еден момент, еден од момците му го предал својот телефон да избере девојка со кој би можел да ја помине ноќта. Откако го договориле местото за средба Бади и ја напоменал својата ситуација. „Треба да знаеш дека сум девица. Доколку реагираш, тоа да биде на телефон, а не во спалната соба”.
– Пензионираните сексуални работници во Мексико имаат посебен дом откако ќе им заврши кариерата
Прифатилиштето за пензионирани сексуални работници Casa Xochiquetzal се наоѓа во главниот град на Мексико. Оваа заедница е финансирана од страна на државата, со што на жените им се обезбедува сместување, храна и здравствена нега. Покрај помошта од префесионалци, овие жени меѓусебно си даваат голема поддршка и помош во изведување на секојдневните работи. Поголем дел од овие бивши сексуални работнички претрпеле некаков вид на насилство во минатото, така што заедничкиот живот во оваа заедница им помага да ги надминат сите свои стравови и да си ја вратат самодовербата.
Целата содржина на S-Work No.59 можете да ја прочитате/симнете ТУКА