Во S-Work No.58 ви ги нудиме следниве содржини:
Исповед на еден сексуален работник: „Работам како сексуален работник, притоа користам повеќе имиња со цел да се заштитам“
- За оваа работа дознав од пријатели. Моето семејство е сиромашно и не можеше да ми обезбеди за нормален живот, а сите знаеме кои се барањата на еден човек во екот на младоста. Немав велосипед, ролерки, а повеќето од моите пријатели можеа тоа да си го дозволат, и затоа решив да заработувам сам за да можам да си купам се што ќе посакам. На почетокот на моите клиенти им нудев сексуални услуги во замена за подароци кои секако јас сам си ги одбирав.
Гелидис Марсел Реал – Писателка и револуционерна активистка за правата на сексуалните работници
- Во нејзината прва книга Le noir est une couleur (Black is a color), таа ја раскажува својата приказна на искрен начин со темни лириски тонови кои ги добила од сопственото животно искуство.
Кoлумна на Ребека Лаиб: Дали некои типови сексуална работа се „подобри” од други?
- Имав прилика да разговарам со стриптизерка, девојка на веб камера, доминантна девојка во садо мазо и две сексуални работнички, при тоа се утврди дека постои хиреархија во сексуалната работа. „Јас не сум проститутка”, ми одговори мојата пријателка Кара, додека седеше на спротивната страна од масата. „Но, имам отидено на договорена средба за пари”.
Ноќниот живот на една скопска улица и сексуалната работа во минатото
- Навечер, веднаш по 19 часот, Скопје знаело да замириса на велеградска кал. Во тие часови, ноќните работнички и работници започнувале да излегуваат и градот наликувал на Шангај, Бомбај или на Буенос Аирес. И како во некој возбудлив и живописен роман, неколку стотини жени во тие мигови започнуваат да ги облекуваат своите најубави здолништа. Морало се да биде подготвено за ноќната забава и за клиентите. Како се подготвувале дамите на ноќта во тие мигови?
Целата содржина од Онлајн Магазинот S-Work No.58 можете да ја превземете/прочитате ТУКА[:mk]Во S-Work No.58 ви ги нудиме следниве содржини:

Целата содржина од Онлајн Магазинот S-Work No.58 можете да ја превземете/прочитате ТУКА