Онлајн магазинот во издание на СТАР-СТАР S-Work разработува теми повразни со сексуалната работа, активизмот , интервјуа и умтност. За овој месец ви ја нудиме следнава содржина:

– Париз, 1848 – Прекрасната Маргарита живее како куртизана во срцето на градот. Свесно ја бира
својата професија и ужива во благодетите кои таа ги носи. Раскош и убавина (Дамата со камелии).
Венеција, 16ти век – Вероника Франко, не можејќи да се омажи со љубовта на нејзиниот живот
одлучува да стане куртизана. Паметни, интелигентни и убави жени кои ги забавуваат благородниците.
Јапонија, 1920 – Сајури, девојка со порцеланско лице и скарлетно црвени усни, со задача да ги
задоволува и придружува мажите.

– По повод Меѓународниот ден на сексуалните работници, сексуалните работници ги бараат своите
права. Треба да се осуди неправдата врз сексуалните работници, корупцијата и законите кои ги
влошуваат нивните услови за работа, насилството кое постојано се врши врз сексуалните работници
и скандалозното и срамно медиумско претставување на сексуалната работа.

– Скопје, 21-ви век. Желба за европеизам заглавена во балкански закоравен менталитет. Право
на абортус ограничено, употребата на лесни дроги се уште спаѓа во групата на наркомани, ЛГБТ
популацијата претставува отпадок во општеството, религиска дискриминација и фанатички
национализам. И тука некаде се наоѓа една маргинализирана група на сексуални работници кои
си ги бараат своите права. Малтретирани од институциите, од полицијата, па дури и од клиентите,
овие лица немаат каде да се обратат, па така години наназад нема ништо друго освен страв,
фрустрации и чувство на немоќ. „Најчесто сексуалните работници ја одбираат линијата на послаб
отпор затоа што самите тие не гледаат заштитници во институциите, не ја добиваат очекуваната
заштита, поддршка и разбирање. Тие и кога се во положба на жртви најчесто избираат да молчат!“
– вели Трајче за моменталната состојба на сексуалните работници во Македонија.

– „Лупанар во Помпеја“ некогаш било место редовно посетувано од богати деловни луѓе и
политичари пред да исчезне прочуениот Римски град во ерупцијата на вулканот Везув во 79
година од новата ера. Научниците веруваат дека еротските изведби, вклучувајќи го и групниот секс ги известувале
клиентите за услугите кои можеле да ги добијат.

– Белград, главниот град на Србија станува Мека и Медина на машката сексуална работа на Балканот. За ова зборува Ненад, чие искуство ги надминува сознанијата на обичните луѓе во оваа работа. Ненад е геј и кросдресер, што значи дека само глуми жена. Јелена му е уметничко име. Работи исклучиво само со мажи.

Целата содржина на S-Work No.57 можете да ја погледнете ТУКА