Во S-Work No.56 ви ги нудиме следниве содржини:

– 1-ви мај – Меѓународниот ден на трудот е посветен на зачувување и унапредување на правата на работниците. Овој ден за првпат се одбележа далечната 1889 година во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржа од 1 до 4 мај 1886 г. во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на 8-часовен работен ден, беше употребена сила од страна на полицијата, при што имаше и жртви. Подоцна, организаторите на штрајкот беа изведени на суд, при што четворица од нив беа и погубени.

– Секс позитивните феминистки го возвратија ударот и сметаат дека размената на сексуалните услуги за пари може да бидат сексуално ослободителна. Со својата работа, сексуалните работнички можат да стекнат моќ внатре во општествената структура во која мажите се привилегирани сексуално и економски.

– Во Швајцарија, сексуална работничка може да се регистрира кај локалната полиција, да плаќа данок и да бара намален износ за истиот поради работните трошоци.

„Во Италија улиците се опасни, се работи во кола и никогаш не знаеш што може да се случи. Италијаните се безобразни и вулгарни затоа што сексуалната работа во нашата земја сеуште е табу тема“.

– Не сакам да бегам од сопствената држава. Би заминала само поради сопствената слобода, иако не би можел/а да ја оставам мајка ми. Многу од трансродовите лица кои ги познавам веќе се иселија во Белгија. Добија азил и 900 евра социјална помош. Одат на курсеви, го учат јазикот, а потоа може да побараат вработување. Но, велат дека и таму не тече мед и млеко. Тука не се чувствувам слободна.

Целата содржина на S-Work No.56 можете да ја прегледате/преземете ТУКА