Во педесетипетото издание на S-Work ви ги нудиме следниве содржини:
-Декриминализација на сексуалната работа во Македонија
Уставот е највисокиот закон во државата. Согласно Уставот, секој граѓанин треба да ужива еднакви права и слободи. Кога се наметнува прашањето за маргинализираните групи, во овој контекст сексуалните работнички и работници и нивните слободи и права, се отвара прашањето од потребата на декриминализација на сексуалната работа во Македонија. Појдовно од тоа дека почитувањето на слободите и правата на граѓаните треба да биде императив за секое демократско општество, дава до знаење дека и сексуалните работници треба да уживаат еднакви права. Како едно од многуте прашања кои што заслужуваат одговор кога станува збор за сексуалната работа е следново: Која е потребата од декриминализација на сексуалната работа во Македонија?
-Фелисија Ана – Сексуална работничка од Романија која работи и живее во Холандија
Фелисија Ана е всушност псевдонимот на оваа девојка која работи како сексуална работничка во Амстердам. Таа неодамна го има отворено својот веб-блог, преку кој можете најдобро да добиете увид во светот на сексуалната работа во Европа, особено во Холандија.
-Како сексуалните работнички им откриваат на семејството и пријателите за тоа што работат
Почнав да ја работам оваа работа од повеќе причини, пред се затоа што ми се допаѓаше чувството на моќ. Се чувствував како да сум најубава, силна личност. На семејството не сакав да им откријам затоа што во детството ужасно емотивно ме злоставуваа.
-Сексуалните работници преку театарот се борат за декриминализација на сексуалната работа
„Откако ќе заврши претставата, сакам публиката да си отиде знаејќи дека на оваа професија и е потребна декриминализација”, вели Бет. „Мојот сон претходно беше да станам актерка, но сега ова е мојот сон”
Целата содржина можете да ја погледнете ТУКА