S-Work No.54 :
– 3-ти март – Меѓународен ден на правата на сексуалните работници
Сексуалните работници припаѓаат на социјално маргинализираните групи, соочувајќи се со стигма и дискриминација од страна на општеството, полицијата и институциите. Во Р. Македонија, сексуалните работници живеат и работат во небезбедни услови и се во постојан страв од малтретирање, насилство и злоупотреба. Стравот се јавува поради постоењето на законски мерки кои се нејасно формулирани и кои ги ограничуваат основните права и слободи на сексуалните работници да живеат и работат како луѓе еднакви со сите други во општеството.
– Интервју со Соња, сексуална работничка од Италија, мигрант во Германија
Се преселив во Германија со цел да најдам работа со мојата диплома. Во мојата земја, бев невработена, како повеќето и тоа беше причината да заминам во странство за да си ја пробам среќата. На почетокот сменив неколку работни места, меѓутоа ниту едно не ми беше доволно за да ги покријам месечните трошоци.
– Смееме ли да ги прашаме сексуалните работнички дали можат да ни ја намалат цената за орално задоволување поради тоа што сме лојални клиенти? Смееме ли да ги допираме полуголите стриптизети кои играат пред нас?
Со мал број на исклучоци, повеќето луѓе знаат како треба да се однесуваат во продавница,на фризер, или кога се возат во такси. Знаат дека не треба да се туркаат преку ред, дека треба да остават бакшиш и да не повраќаат на задното седиште. Но многу луѓе не знаат како треба да се однесуваат со сексуалните работнички.
– Извадок од интервјуто „Кој се плаши од различностите?“ на трансродна сексуална работничка од Македонија за една национална телевизија
Лила преку своето лично искуство говори за проблемите со кои се соочуваат трансродовите сексуални работници во Македонија.
Целата содржина на S-Work No.54 можете да ја погледнете ТУКА