Во првиот број за оваа 2017 година, првенствено сакаме да се заблагодариме на сите наши подржувачи и активисти кој помогнаа и беа дел од нашиот Марш на Црвените Чадори во Скопје!
Благодарност до медиумите за нивното известување и пренесување на вистинската порака од овој битен ден за сексуалните работници.

Во S-Work No.52 ви ги нудиме следниве содржини:

– На 17-ти декември, во центарот на Скопје, по деветти пат беше одбележан Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници. Беше одржан Марш на црвените чадори со цел да се потенцира загрижувачката состојба во која сексуалните работници живеат и работат. Преку овој настан сексуалните работници, поддржувачи и активисти се приклучија кон солидарноста на оваа маргинализирана група граѓани, барајќи подобри услови за работа и свет без насилство.

– Спроведувањето на законите против проституцијата варира во повеќе држави и градови, со тоа што во некои места постои непријателска клима за сексуалните работници, додека пак други им ја овозможуваат потребната поддршка. Сепак, насекаде односите со полицијата се нарушени и истите влијаат негативно врз сексуалната работа, кои при тоа одбиваат да пријават насилство и злоупотреба.

– Кармен Шакти, сценско име, е една од 10-те актери кои се појавуваат во „Курвински монолози“. Оваа театарска претстава во која играат жени ги раскажува приказните на сексуалните работници кои работат на улица.
Кармен Шакти е бивша сексуална работничка, кој има работено за ескорт агенција, но и како самостоен сексуален работник.

S-Work No.52 можете да го погледнете или спуштите ТУКА