Во овој број на нашиот онлајн магазин S-Work:
– 3-ти март, Меѓународниот ден на правата на сексуалните работници, треба да биде мотив за размислување на сите нас. Светот е во стремеж за исполнување на Милениумските развојни цели, ветувајќи промовирање на родова еднаквост и зајакнување на жените и човекови права за сите, како ефективни начини за борба против сиромаштија, глад и болести. Сите цели меѓусебно се поткрепуваат, но дали овие цели навистина можат да се постигнат со исклучување на сексуалните работници?
– Сексуалните работници во Австралија се побунија против фактот дека поголемиот дел од жените во оваа работа се злоставувани и приморани да се занимаваат со истата. Под хаштагот #FacesOfProstitution на социјалните мрежи, сексуалните работници ширум светот поставуваат статии со кои се обидуваат да ја променат негативната слика за секс индустријата во која што работат.
– „Мојата работа е комбинација од услужување на клиенти и исполнување на нивните фантазии, и токму тоа е она што сакам да го работам. Оваа работа ги исполнува моите потреби и ми ја пружа финансиската стабилност која претходно сум ја немала,“ вели Сара. Таа во последните година и пол работи како сексуална работничка во легални бордели блиску Невада. За целото тоа време кажува и самата таа дека научила многу за сексуалноста, психологијата и врските. Откако почнала да се занимава со оваа работа забележала дека луѓето и незнаат многу за сексуалната работа. Ова се некои од заблудите за кои има слушнато.
– Сексуалноста на луѓето со инвалидитет паѓа во сенка поради општествените препоставки за тоа што значи да имаш инвалидитет. Сепак, овие луѓе имаат апетити за секс исто како и сите други. „Сексот е основна потреба, исто како и потребата за храна, но обично се мисли дека токму сексот претставува луксуз за овие луѓе, а не нивно право. Се преправаме дека нив не им е потребен секс колку што ни е нас потребен. Во еден момент и јас размислував на таков начин“, вели Пру, сексуална работничка која веќе со години работи со луѓе
кои живеат со инвалидитет.
Новиот број на S-Work можете да го погледнете ОВДЕ