Во овој број на нашиот онлајн магазин S-Work:

-Сексуалната работа е криминализирана по неколку основи, преку забраните за продавање на сексуални услуги, но исто така и преку законите кои забрануваат повикување на секс, приходите и заработувањето од сексуалната работа, бордели, или купување сексуални услуги.
Со декриминализација се почитуваат човековите права и достоинството на сексуалните работници.

– ”Животот на секој човек претставува посебна приказна, секој носи свои стравови, желби и надежи…но ретко кој сака да ја раскаже.
На некој начин имам желба јас да ја раскажам мојата…
Мојот живот се промени во целост на моја 23 годишна возраст. Целиот мој свет се смени преку ноќ, повеќе не бев истата.”

-„Момците од Вол Стрит се многу малку заинтересирани или помалку способни да ме гледаат како личност или човечко битие. Едноставно не сум им потребна зада се чувствуваат посебно. Треба само да се појавам, и да си ја одработам својата работа.“
„Големи нарциси се. Не сакаат да си признаат дека и ова е дел од нивната реалност“, додава таа. Кога ја прашав дали смета дека е дел од реалноста, кратко ми одговри со НЕ.

-Според податоците на париската полиција, бројот на сексуални работници кои работат во Булоњска шума нагло пораснал во последните пет години. Претставничка на групата која ја сочинуваат независни сексуални работници кои работат во оваа област објавила дека околу 180 сексуални работници активно работат во овој голем парк во близина на Париз.

Новиот број на S-Work можете да го погледнете ОВДЕ