Во јануарскиот број на онлајн магазинот S-Work прочитајте за:
– Маршот на црвениот чадор на 17-ти декември, Меѓународниот ден за СТОП на насилството врз сексуалните работници
Под мотото „Стигмата убива“ сакаме да пренесеме порака која ќе допре до јавноста за се повеќе присутното насилство и дискриминацијата врз сексуалните работници ширум светот. Стоп за тортурата која сексуалните работници ја трпат секојдневно.
-Клиентите откриваат: Кога и зошто ги користат услугите на сексуалните работници
Во резултатите од истражувањето објавено во списанието Sexually Transmitted Infections, стои и податокот дека клиентите кои сакаат да ги уживаат услугите кои ги нудат сексуалните работнички се најчесто на возраст помеѓу 25 и 34 години.
-Стрејт мажи кои спијат со транс жени
За време на 80-тите години од минатиот век, за хомосексуалците било навистина обесхрабрувачки да се соочат со својот сексуален идентитет. „Стигмата која била присутна во тоа време од мојата младост беше навистина грозоморна“, раскажува Мет. „Нема каде да одиш, не постоеа ЛГБТ центри. Поголемиот број на луѓето во тоа време немаа ни кабловска телевизија“. Чувствувал дека ќе изгуби многу работи од кои и идентитетот на хетеросексуалец.
-Повеќе од 1700 транс личности се убиени во последните седум години како резултат на трансфобијата
Овие алармантни бројки и податоци покажуваат уште еднаш дека постои итна потреба за да се реагира на насилството врз транс и родово различни луѓе и да се бараат механизми за нивна заштита. Некои меѓународни транс активисти имаат дури воведено термин „транс геноцид“, со цел да го покажат зголеменото ниво на насилство против транс и родово -различни луѓе на глобално ниво. Коалицијата на невладини организации од Јужна Америка и Европа неодмна започнаа и со кампањата за „Стоп на транс геноцидот“.
Новиот број на S-Work можете да го отворите TUKA