Во новиот број на S-Work прочитајте:
-Интервју со Каја Вон Толие, холандска сексуална работничка
Ви ги откриваме работите кои отсекогаш сте сакале да ги знаете за сексуалните
работнички. Минатата недела зборувавме со Каја Вон Толие, холандска сексуална
работничка. Се запознавме во една кафетерија на Црвената улица во Амстердам. Каја
работи како сексуална работничка веќе 16 години. Преку ова интервју имавме прилика да
разговараме за нејзиниот професионален живот и искуство.
-Се вљубив во сексуална работничка во Амстердам
Пред мене се отвори цела мрежа од накривени ходници, со ѕидови од смеѓи панели и уште излози со црвени светла и девојки кои ви се смешкаат. Повеќето од нив ме довикуваа додека поминував покрај нив.
Писмо за поддршка на предлогот на Amnesty International: Декриминализација на сексуалната работа претставува средство за остварување на човековите права.
Транзицијата на транс луѓето низ серија портрети
Навистина почувствував поврзаност со овие луѓе. Се трудев да останам објективен, тоа ми беше најголемата грижа. Да ја погледнам реалноста и да дадам субјективна визија, уметничка визија, која не е наметната ниту критички настроена. Само сакав да ги прикажам работите онакви какви што се, но најмногу посакував да излезам надвор од границите на телото. Многу често своите проблеми транс лицата ги сведуваат на своето тело, често се поставуваат прашања за телото на транс личноста, едноставно сакаме да знаеме што имаат во гаќите. И тој факт е навистина загрижувачки, општеството знае да биде многу непријатно и да навредува кога станува збор за вакви работи. Затоа сакав да се фокусирам на она што треба сите да го гледаме, човекот како личност, а не човекот според неговото тело.
Новиот број на нашиот онајн Магазин можете да го погледнете ОВДЕ