]Во новиот број на S-Work прочитајте повеќе за машките сексуални работници на Балканот и нивните животни приказни, како помина геј парадата во Белград, насилството врз сексуалните работници од затворена сцена, прочитајте како на интернет форум клиентите разменуваат искуства за сексуалните работници.

10 Фотографии против стигмата врз квир сексуалните работници (2)
Филип има 31 година, висок е 182 сантиметри, смеѓ и згоден. Живее во Белград.
По професија е фризер и две години е во среќна врска со Милош, правник во една
мултинационална компанија. Веќе 4 години, Филип патува во Германија каде што за еден
месец заработува поголема сума од своите дванаесет плати заедно во фризерскиот салон.
Во Германија, не шиша и не извлекува прамени. Таму работи како сексуален работник.
Ако го занемариме сеопшто исмејуваниот термин „проститут“ или „машка курва“, Филип
за себе вели дека е сексуален работник кој нуди сексуални услуги. Според него „курвар“
претставува сосема нешто друго. Тоа е „прав маж“, кој трча по девојки со кратки здолништа
и запишува цртички на креветот чекајќи ја онаа вистинската за него да се појави во
вистински момент и која ќе успее да го смири, среди и смести во топло фамилијарното гнездо.

Rainbow_flag_and_blue_skies
Член на Организацискиот одбор на Парадата, Бобан Стојановиќ во едно од неговите интервјуа
изјавил дека е презадоволен од овогодинешниот настан, оценувајќи го за прва вистинска парада
на гордоста.
„Ова е прва вистинска Парада, се шетавме по главните улици, насекаде се вееја знамиња, луѓето
беа среќни, се слушаше музика од камионите, беше весело и шарено и тоа е всушност „Прајд“,
изјавил Б.Стојановиќ.

dust-photography-naked-body-art-chicquero-10
Според извештајот, 46% од сексуалните работници доживеале насилство во текот на нивната
работа, а 42% биле загрозени или тепани поради фактот дека се секусални работници. Покрај тоа,
14% пријавиле насилство во полиција, а 16% биле сексуално злоупотребувани од самата полиција.
Сара, учесник во едно од интервјуата вклучени во самиот извештај опишува ситуација во која
нејзиниот клиент со себе носел нож: „Клиентот кој влезе имаше нож. Стоев во ќошот, имав големо
претчувство дека ќе бидам нападната и силувана… Не отидов во полиција да го пријавам, бидејќи
така ќе знаат што всушност работам“.

Новиот број на нашиот онајн Магазин можете да го погледнете ОВДЕ