Во новиот број на S-Work:

amn
Amnesty International за својот нов предлот вели дека се заснова на принципот на човековото право за консензуално сексуално однесување помеѓу две возрасни лица, коe ги исклучува актите како принуда, закана, измама и наслиство, a притоа сексуалните работници имаат право на заштита од државата.
Постојат повеќе примери според кои криминализацијата го зголемува ризикот кај сексуалните работници. Amnesty International ги има изнесено резултатите од своите две неодамна направени студии во кои се вели: „повеќето случаи на киднапирање, навреди, насилства, закани и убиства на сексуалните работници кои работат на отворено во Њујорк и Ванкувер не се пријавени во полиција“.

big_story_rect4-620x412
Мапа на светот во кои земји е легализирана сексуалната работа

Сите замји во ЕУ, како и Турција или ја имаат легализирано сексуалната работа и регулиран закон или барем само ја легализирале сексуалната работа. Во Азија, оази на слобода се Бангладеш, Казахстан и Индија, додека пак во Средна и Северна Америка се Невада и Канада.

naslovna-1
Експертски водич за бонтон во јавните куќи
На излозите на борделите во Амстердам од септември минатата година започнаа да се појавуваат писмени предупредувања. Овие летоци ги советуваат потенцијалните клиенти што претставува адекватно однесување кога ќе влезат во нив. Теоретски, ова претставува еден добронамерен бирократски чин. Во реалноста, никој тоа не го чита. Всушност, со оглед на големината на летоците, клиентите воопшто не ги забележуваат овие правила на однесување што може да претставува проблем за новите клиенти кои првпат патуваат за Амстердам и имаат желба да посетат еден од борделите.

woman-in-red
Кратки исповеди на сексуални работнички: „Мојот маж знае што работам и нема никаков проблем со тоа“.
Сексуалната работа, како и секоја друга работа, е осудувана од страна на општеството, па затоа ретко кој зборува отворено за тоа. Меѓутоа, преку апликацијата Whisper многу девојки и жени имаат можност да се исповедаат и да коментираат за својата професија, ослободени од стегите на општествените норми.

Новиот број на S-Work може да го погледнете или спуштите ТУКА