Во априлскиот број на нашиот онлајн магазин ќе прочитате:
Ескорт придружба Vs. Секс услуги
– Многу жени и девојки излегуваат со повеќе мажи истовремено, што е голема предност, и не морам да имам секс со нив ако не го сакам тоа. Со парите кои ги заработувам на овој начин ги издржувам своите деца. Се разбира дека некои од клиентите повремено сакаат и секс, но тоа може да следува откако ќе се запознаеме и ќе се зближиме подоцна. Јас не гледам голема разлика помеѓу ескортот и нормалната врска со маж кој е многу богат и кој ти купува подароци . Единствена разлика е тоа што во исто време може да излегуваш со повеќе клиенти – изјавила 21-годишната Карли од Флорида.
Скопскиот хроничар Данило Коцевски за ноќниот живот и сексуалните работници во старо Скопје
Колку бил необичен тој свет на ноќното Скопје, зборува и фактот што сексуалната работа била поврзана со разни други феномени на тој живот. Почнувајќи од забавата во угостителските објекти и надвор од нив, па се до коцкањето, а често и хашишот кој, главно, бил шверцуван од Истокот. Скопје се будело со првиот мрак и живеело посебен живот, се до рани зори, кога се играло барбут и мунте, и се посетувале дамите на ноќта.
Во Шпанија донесена судска одлука во полза на сексуалните работници
Шпанија има околу 600.000 сексуални работници и владата проценува дека годишно овој сектор акумулира и до 3,8 милијарди евра од кој најголемиот дел не се пријавува на институциите. Стотина експерти во 2006 и 2007 година се појавија пред парламентарните комисии со предлози за професионализација на сексуалната работа.
Во еден момент и двајцата изгубивме спој со реалноста…
-Дотерана, весела и насмеана влегла во неговата соба со една мисла – уште еден клиент, уште една шанса за добра заработка.
Новиот број на S-Work можете да го погледнете ТУКА