Излезе новиот број на он лајн магазинот S-Work. S-Work како пишан медиум нуди содржини за и околу сексуалната работа, човекови права, култура и уметност преку кои се рушат стереотипите за сексуалните работници и сексуалната работа воопшто.
Во овој број можете да прочитате повеќе за :
– “Постојат две работи за кои луѓето секогаш ќе сакаат да платат – секс и храна”, изјавила Фернанда Грудет. Таа одлучила да продава секс…Денеска Мадам Клод има 91 година и живее повлечено во Ница.

– Фотографката Мирто Пападопулус ” Сексуалната работа во Атина ”
– Тела. Голи. Зборови. Голи портрети за истражување на сопствениот идентитет и стереотипи

– Гоф која е мајка на две деца и со години работи како новинар и ТВ водител е позната и како ескорт дамата Саманта Џеј.
Новиот број на S-Work може да го погледнете овде