Во новиот број на S-Work Nо.121 можете да прочитате:

Криминализација на купувањето сексуални услуги: Искуства од нордискиот регион

Краткиот извештај насловен Криминализација на купувањето сексуални услуги: Искуства од нордискиот регион ги испитува ефектите од криминализацијата на купувањето сексуални услуги од сексуалните работници и луѓето инволвирани во сексуалната индустрија, особено за нивната ранливост на насилство и експлоатација. Бидејќи во Нордискиот регион, како и во многу други земји, многу од луѓето кои ја работат сексуалната работа се мигранти, овој краток преглед, исто така испитува како полицијата се однесува и постапува кон комерцијалниот секс според „Нордискиот модел“ кој се вкрстува со имиграциските политики и нивното спроведување.

Сексуална работничка од Торонто: Еве зошто сметам дека мојата работа е моќна

„Споделувањето приказни за жени кои се занимаваат со сексуална работа од позитивна гледна точка е важно за промена на ставовите на луѓето кон сексуалната работа. Откако ќе ги промениме нашите перцепции за сексуалните работници и луѓето кои ги бараат нашите услуги, се надевам дека законите ќе се променат за да ја направат нашата работна средина побезбедна.“

Совети за јавно здравје за заштита од мајмунски сипаници кај сексуалните работници

NSWP во соработка со експерти од Светската здравствена организација подготвија брифинг документ со цел да им се обезбедат на сексуалните работници најдобри, веродостојни, засновани на докази и нестигматизирачки информации од доверливи извори за да можат да се заштитат себе си, своите семејства и своите најблиски од мајмунските сипаници.

Застапување и активизам кај сексуалните работници

Заедницата на сексуални работници како една од најмаргинализираните групи граѓани, често се соочува со низа проблеми и предизвици поврзани со стигма, дискриминација и насилство. Сексуалните работници се најчесто неприфатени и социјално исклучени во општеството, а сепак многу малку луѓе знаат дека токму сексуалните работници се тие кои ги создале првите општествените движења низ целиот свет.

Целата содржина на S-Work No. 121 можете да ја прочитате/симнете ТУКА.

Tags: