Во новиот број на S-Work Nо.120 можете да прочитате:
14-ти септември – Меѓународен ден на гордоста на сексуалните работници
По четвртти пат, сексуалните работници во нашата земја се приклучуваат кон иницијативата за одбележување на 14-ти септември, Меѓународниот ден на гордоста на сексуалните работници. По тој повод, како прв и единствен колектив на сексуални работници во земјата, споделуваме за постигнувањата и успесите кои не направија особено горди во изминатата година.
Истражувачка студија: „Сексуалната работа кај студентите: мотивации, чувства, ризици и осуди“
Сексуалната работа кај студентите е актуелен феномен во целиот свет, за кој во последните години сè почесто се пишува и дискутира. Сепак, сексуалната работа кај студентите останува недоволно истражена во некои земји во Европа, вклучувајќи ја и Германија и нема директни извештаи од прва рака од инволвираните луѓе. Понатаму, сексуалната работа останува стигматизирана, и затоа студентите кои ја работат оваа работа може да бидат изложени на ризик од социјална исклученост и емоционално или физичко насилство.
Мајмунски сипаници: Запомнете ги лекциите научени од пандемијата Ковид-19
Неодамна, ESWA – Европската алијанса за правата на сексуалните работници, излегоа со изјава во која ги повикуваат владите и давателите на здравствени услуги да го отфрлат стигматизирачкиот или хомофобичен однос и говор кога дискутираат за вирусот на мајмунски сипаници.
Повреда на основните човекови права на сексуалните работници
Злоупотребата на човековите права се јавува во сите сфери од животот на сексуалните работници, вклучувајќи ги здравството, домувањето, вработувањето и образованието, од страна на приватни лица, државни службеници, спроведувачи/креатори на закони и политики и/или други државни актери. Директните прекршувања на човековите права на сексуалните работници често се вкоренети во репресивните законски рамки и негативните социјални практики.
Целата содржина на S-Work No. 120 можете да ја прочитате/симнете ТУКА.