Во новиот број на S-Work Nо.119 можете да прочитате:

Повик за стоп на казнувањето на мајките сексуални работнички со одземање на нивните деца

Повик да се декриминализира сексуалната работа и да се поддржат жените на кои им е потребна помош, наместо да се етикетираат како „неодговорни“ поради нивната работа.

Животот како сексуална работничка на Интернет за време на пандемијата со КОВИД-19

“Она што го научивме преку оваа пандемија е дека нашата работа е од суштинско значење, тоа е спасот што им е потребен на многу од нашите клиенти кои живеат во многу неизвесен и сè поизолиран социјален свет. Благодарна сум што ја работам оваа работа сега – и што сè уште ми обезбедува сигурен приход – но исто така ми е драго што успеав да ја направам мојата работа одржлива пред светот да влезе во криза.”

Сексуално и репродуктивно здравје и права (СРЗП) на сексуалните работници

Сексуалните работници имаат право на исти човекови права како и сите други луѓе, вклучувајќи го и правото на недискриминаторски, достапен и културолошки-специфичен пристап до универзални, квалитетни здравствени услуги и превенција и третман на сексуално преносливи инфекции (СПИ), вклучувајќи ги ХИВ и СИДА. Тие исто така имаат право да бидат ослободени од навредливи медицински практики, како присилно или задолжително тестирање за ХИВ и СПИ, присилна стерилизација и задолжително лекување.

Фотографии кои го доловуваат секојдневието на анархистичен сексуален работник

Фотографот  Марк Вале поминал две години во соработка со Тиери Шафаузер, харизматичен машки сексуален работник и политички активист во документирање на неговиот личен и политички живот. Составен од искрени црно-бели портрети, култниот магазин ги открива интимните ритуали на Шафаузер од неговото секојдневие, како и фотографии на кои тој е вклучен во анимирани разговори со фотографот. Фотографиите, кои се направени помеѓу 2010 и 2012 година, се придружени со текст во кој Шафаузер ги споделува своите ставови за реформирање на правата на сексуалните работници.

Целата содржина на S-Work Nº 119 можете да ја прочитате/симнете ТУКА.

Tags: