Во новиот број на S-Work Nо.118 можете да прочитате:

Сексуалните работници се здружуваат против новиот Предлог-закон на Владата во Италија за криминализација на клиентите

По Шведска, Франција и предложениот закон во Шпанија, Италија е следната земја која предлага криминализирање на сексуалната работа преку парични казни и апсење за клиентите. Сексуалните работници во Италија се загрижени за нивната иднина и безбедност по предложениот нов закон по примерот на Шведска.

Заедницата на сексуални работници испратија соопштение до медиумите во кои го изразуваат своето незадоволство и причините зошто треба да се повлече новиот Предлог-закон.

Јавен повик до државите во Европа за декриминализација на сексуалната работа

Како застапници и активисти за правата на трансродовите луѓе и заедницата на сексуални работници, Transgender Europe (TGEU) – организација за човекови права која се залага за целосна еднаквост на сите трансродови луѓе во Европа и ESWA – Европската алијанса за правата на сексуалните работници ги повикуваат државите во Европа да ја декриминализираат сексуалната работа бидејќи само со ваква правна регулација би се препознала и признала сексуалната работа како работа.

4 причини зошто им е потребна поддршка на сексуалните работници

Колку и да мислиме дека општеството се менува и дека новите генерации се поотворени за дискусија на тема секс, сепак сè уште сексуалната работа останува табу тема, за која се зборува со многу предрасуди и за кај која мислењата се поделени. Некои феминистки мислат дека сексуалната работа е експлоататорска и ги објективизира жените, додека други тврдат дека сексуалната работа може да ги зајакне и охрабри поединците кои се одлучиле да ја работат оваа работа.

Правото на здравје како основно човеково право на сексуалните работници

Меѓународните договори кои произлегуваат од Универзалната декларација за човекови права сметаат дека „највисоките стандарди за физичко и ментално здравје“ се основно човеково право. Во однос на правото на здравје како основно човеково право, многу е важно сексуалните работници да имаат пристап до сеопфатна здравствена заштита, вклучувајќи и ја репродуктивната нега.

Целата содржина на S-Work Nо. 118 можете да ја прочитате/симнете ТУКА.

Tags: