Во новиот број на S-Work Nо.117 може да прочитате:
2-ри јуни – Меѓународен ден на сексуалните работници
На 2-ри јуни го одбележуваме Меѓународниот ден на сексуалните работници, во чест на сексуалните работници ширум светот и борбата за признавање на сексуалната работа како труд и занимање. Овој ден се смета за симболично раѓање на активистичкото движење на сексуалните работници во борбата за заштита на нашите основни човекови права.
Јас сум сексуален работник и како сите работници заслужувам љубов и почит
Многу сексуални работници избираат да работат во секс индустријата за да ја истражат и изразат својата сексуалност, а притоа да заработат, додека пак некои се одлучуваат да ја работат оваа работа поради флексибилните работни услови. На некои сексуални работници, сексуалната работа им е единствената достапна опција со цел да ги обезбедат основните потреби за живот.
Разбирање на потребите за здравствени услуги и социјална благосостојба на сексуалните работници во Викторија – истражување на Универзитетот Ла Троб
На 10-ти мај, во Викторија, Австралија започна процесот на имплементирање на декриминализација на сексуалната работа, откако државата го усвои Предлог-законот од 2021 година.
Во перидот пред промената на Законот, Австралискиот истражувачки центар за секс, здравје и општество при Универзитетот Ла Троб спроведе квалитативно истражување со цел проценка на здравјето и благосостојбата на сексуални работници во државата. Истражувањето беше нарачано од Одделот за здравство на Викторија со цел да се преструктуира обезбедувањето здравствени услуги за сексуалните работници.
Сексуалните работници и човековите права
Со Уставот на Република Северна Македонија на сите граѓани им е загарантирано правото на слободен избор, правото на здравствена и социјална заштита и сите граѓани се еднакви пред законот и институциите. Оттука, сексуалните работници треба да ги уживаат истите човекови права како и секој друг граѓанин на Република Северна Македонија.
Целата содржина на S-Work Nº 117 можете да ја прочитате/симнете ТУКА.