Во новиот број на S-Work Nо.116 може да прочитате:
1-ви мај – Меѓународен ден на трудот
На 1-ви мај, го одбележуваме Меѓународниот ден на трудот, посветен на зачувување и унапредување на правата на работниците низ целиот свет. На овој датум исто така потсетуваме дека сите граѓани на Република Северна Македонија, вклучувајќи ги и сексуалните работници, имаат право на работнички права согласно Меѓународното право за заштита на човековите права.
Недостиг на пристап до правда за сексуалните работници
Сексуалните работници ширум светот се соочуваат со широк спектар на бариери во пристапот до правда, и како жртви на насилство и злоупотреби, и како обвинети за криминал. Бидејќи сексуалната работа е прилично криминализирана, на повеќето сексуални работници им е оневозможен пристапот до правна заштита и правата што им се даваат на другите работници според законите за работни односи и се соочуваат со зголемен ризик од криминализација, притвор, депортирање и законски санкции.
Украинските сексуални работници се мобилизираат со цел да им помогнат на лицата заглавените во зоните на конфликт
Во изминатиот период, сексуалните работници ширум светот се мобилизираат и ги користат сите достапни начини со цел да ги поддржат своите колеги кои се заглавени во Украина за време на воениот конфликт. Тие преземаа неколку акции за собирање средства и хуманитарна помош користејќи ги онлајн платформите.
Колективен став на СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балкaнот за правна регулација на сексуалната работа во Република Северна Македонија
Ние, сексуалните работници од СТАР – Прв колектив на сексуални работници на Балкaнот заземаме колективен став дека доброволната сексуална работа треба да се декриминализира и депенализира со измени или целосно укинување на одредбите од сите закони со кои се санкционираат полнолетните лица и активностите поврзани со доброволна сексуална работа (Член 19 од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и Член 191 од Кривичниот законик). Доброволната сексуална работа треба да се третира преку политиките за јавно здравје, важечките законски прописи за работните односи и останатите позитивни правни норми за заштита, почитување и унапредување на човековите права во Република Северна Македонија.
Целата содржина на S-Work Nº 116 можете да ја прочитате/симнете ТУКА.