Во новиот број на S-Work Nо.115 може да прочитате:
- Белгија е првата земја во Европа која ја декриминализираше сексуалната работа
На 18.03.2022 година, Белгија ја декриминализираше сексуалната работа.
Со 70 гласа ЗА, 4 гласа ПРОТИВ и 41 глас ВОЗДРЖАН, Предлог-законот за декриминализација на сексуалната работа се изгласа на пленарната седница на Владата на Белгија во 13:35 часот.
Ова е огромен чекор напред за правата на сексуалните работници и заслужена победа по 30-годишната борба на сексуалните работници во Белгија.
- Рушење на митовите поврзани со Шведскиот модел: 10 научно базирани докази што ги разобличуваат клучните тврдења за придобивките од криминализацијата на клиентите
Во информативниот лист, кој го објавија ESWA – Европската алијанса за правата на сексуалните работници, по повод одбележувањето на Меѓународниот ден за правата на сексуалните работници, се разобличуваат 10 клучни тврдења за придобивките од криминализацијата на сексуалната работа, од страна на поддржувачите на „Шведскиот модел“.
- Главни фактори на ранливост на сексуалните работници во Европа
Социо-културните фактори, недостатокот на економски можности, нискиот социјален статус на жените и трансродовите луѓе, како и односот кон сексот и сексуалноста придонесуваат за зголемена ранливост на сексуалните работници. Стигматизацијата и дискриминацијата на сексуалните работници надополнети со криминализацијата на сексуалните работници и сексуалната работа, дополнително го спречува пристапот до услуги поврзани со ХИВ, правната заштита од насилство или други социјални, здравствени или образовни програми.
- Стратешки пристап на СТАР-СТАР за периодот од 2022 до 2025 година кон проблемите со кои се соочуваат сексуалните работници во Република Северна Македонија
Преку стратешко планирање и во консултација со заедницата, а потврдено со бројните организациски и граѓански истражувања, СТАР-СТАР лоцираше повеќе проблематични области на кои ќе се посвети во идниот стратешки период со цел да се унапреди статусот на сексуалните работници преку активности, интервенции и алатки за активна граѓанска вклученост кои ќе придонесат кон развојот на демократско и праведно општество во кое се почитуваат сите човекови права и слободи на женските, машките и трансродовите сексуални работници.
Целата содржина на S-Work Nº 115 можете да ја прочитате/симнете ТУКА.