Во новиот број на S-Work Nо.110 може да прочитате:
- Сексуалните работници–мигранти во време на КОВИД-19
Меѓународната мрежа за промоција на правата на сексуалните работници-мигранти (ТАМПЕП) спроведе истражување за состојбата на женските, машките и трансродовите сексуални работници-мигранти и нивниот пристап до основните здравствени услуги од почетокот на пандемијата.
Истражувањето беше спроведено во март 2021 година од страна на 14 организации, членки на Mрежата во 10 европски земји – Австрија, Белгија, Финска, Германија, Италија, Холандија, Норвешка, Шкотска (Обединетото Кралство), Шпанија и Швајцарија.
Целта на ова истражување беше да се потенцираат негативните последици од пандемијата со „Ковид-19“ и како тие влијаат врз ранливите групи во општеството.
- Зошто Белгија сака што поскоро да ја регулира сексуалната работа
Белгија се приклучува на се поголем број држави со регулирање на сексуалната работа преку нејзино декриминализирање. Во април 2021 година, Министерот за правда Винсент Ван Квикенборн ја поткрена оваа иницијативата за регулација на сексуалната работа со најава дека сака да ја декриминализира сексуалната работа, изјавувајќи дека оваа професија не треба да се укинува и дека сексуалните работници можат сами да одлучат како ќе ја работат својата работа.
- 8 тајни кои сексуалните работници сакаат да ги знаете за нив и за нивната работа
Сексуалната работа е стигматизирана и дискриминирана во денешното општество. Бидејќи сексот сѐуште претставуваа табу тема, постојат голем број заблуди поврзани со сексуалната работа и сексуалните работници.
Со цел да се отфрлат заблудите за сексуалната работа и сексуалните работници, неколку сегашни и бивши сексуални работници јавно споделуваат искуства и мислења во врска со својата професија, а кои се погрешно сфатени од општеството.
- „Ја напуштив мојата работа во банка за да бидам сексуална работничка“
Пред скоро четири години, по 6 години работа во банка, свесно ја напуштив работата и зад себе оставив удобна кариера за да бидам сексуална работничка. Сакав да работам со финансии, имав среќа да работам за фирми кои ја ценeа мојата услуга, имав супер односи со моите клиенти, меѓутоа сепак нешто фалеше во целата таа приказна. Додека копнеев за финансиска стабилност и сигурност, копнеев и за простор за личен раст, креативност, изразување и грижа за себе. Но, како напредував во кариерата, така се помалку време остануваше за личните задоволства. Сакав да патувам, да земам часови по шпански, да си го подобрам здравјето и кондицијата, а едвај наоѓав време да си ја исперам облеката.
Целата содржина на S-Work Nº 110 можете да ја прочитате/симнете ТУКА.