Во новиот број на S-Work Nо.109 може да прочитате:
- Во Виена се одржа конференцијата RED RULES 2021 посветена на сексуалната работа
Red Rules Vienna е уметнички перформанс, организиран од RedEdition во соработка со уметници, aктивисти и лица од заеницата. Овој настан препознаен како фестивал беше поделен во 2 дела, и тоа конференциски дел кој траеше три дена и еден дел во кој се одржуваше перформанс наречен CITY OF WHORES.
- Трансродова сексуална работничка: клиентите ме прифаќаат, а општеството ме осудува!
Па, искрено тешко е да си поразличен од другите, но во моето опкружување сите знаат дека сум трансродова личност и ме имаат прифатено таква каква што сум. Треба отворено да зборуваме за различностите за да нѐ прифатат и остантите. Имам чувство дека многу луѓе не разбираат како е да се биде трансродово лице и со јавни излагања мислам дека можеме да ги промениме нештата на подобро.
- Колективната солидарност, поддршката и истрајността се најголемата гордост на сексуалните работници во Северна Македонија – 14-ти СЕПТЕМВРИ 2021
По повод 14-ти септември – Меѓународниот ден на гордоста на сексуалните работници, СТАР – Првиот колектив на сексуалните работници на Балканот ги сумира и одбележува постигнувањата и успесите во текот на годината на кои сме особено горди.
- СТАР-СТАР обезбеди бесплатни брзи антигенски тестови за детекција на коронавирус за сексуалните работници
Во рамки на грижата и поддршката за заедницата, СТАР-СТАР обезбеди бесплатни брзи антигенски тестови за детекција на коронавирус. Овие тестови се наменети за сексуалните работници кои немаат можност да се тестираат во јавните и приватните здравствени установи и лаборатории, а со цел заштита на личното и јавното здравје и спречување на ширењето на коронавирусот и пандемијата на КОВИД-19.
Целата содржина на S-Work Nº 109 можете да ја прочитате/симнете ТУКА.