Во новиот број на S-Work No.105 може да прочитате:

  • Највисокиот шпански суд дозволи сексуалните работници да основаат синдикат

Шпанските сексуални работници имаат право да формираат свој синдикат – пресуди Врховниот суд во средата, поништувајќи ја претходната судска одлука со која се наложува укинување на првата ваква шпанска организација за труд.

  • Холандските сексуални работници се враќаат на работа

Сексуалните работници оваа недела ќе се вратат на работа во Холандија по ублажувањето на мерките против КОВИД-19. Сексуалната работа е легална во Холандија, но Владата ја забрани во средината на декември, поради ограничувања наметнати поради ширењето на коронавирусот.

  • Се одбележа Меѓународниот ден на сексуалните работници

Меѓународниот ден на сексуалните работници се одбележува секоја година на 2-ри јуни во Европа и низ целиот свет.  Овој ден се смета за симболично раѓање на активистичкото движење на сексуалните работници во борбата за почитување на нивните права.

  • Некои факти за  сексуалната работа

Од приближно 72,800 сексуални работници во Велика Британија, 88% се жени.Повеќето сексуални работници се мајки кои работат да издржуваат семејства. 74% од сексуалните работници кои работат од дома ја истакнале потребата да плаќаат трошоци за домаќинството и да ги издржуваат своите деца како причина за занимавање со сексуална работа

Целата содржина на S-Work No. 103 можете да ја прочитате/симнете ТУКА