Слика за С-Ворк број 104

Во новиот број на S-Work No.104 може да прочитате:

  • Уште една победа на сексуалните работници: Окружниот обвинител во Менхетан одби да ги гони лицата обвинети за проституција

Промената ќе ги охрабри сексуалните работници повеќе да не се плашат од гонење, да пријавуваат напади и малтретирање од страна на макроа или клиенти, или пак случаи кога се жртви на сексуална трговија, но и злоупотреба од страна на службени лица кои ги искористуваат наместо да го спроведуваат законот.

  • На денот на трудот потсетуваме: И сексуалната работа е работа

Сексуалната работа не е толку различна од другите форми на труд – особено трудот традиционално поврзан со жени – што општеството секогаш го девалвира. Сексуалните работници ги користат нивните тела и сексапил за работа, но тоа не се однесува единствено само за сексуалната работа. Многу други професии го ставаат женското тело во фокусот, но тоа никој не го потценува.

  • Кога сексуалната работа е работа од соништата

„Јас сум сексуална работничка затоа што го сакам тоа и затоа што не можам и не сакам да работам канцелариска работа, но тоа не значи дека треба да имам помалку права од оние кои работат во канцеларија“.

  • Зошто жените продаваат, а мажите купуваат сексуални услуги? (двете страни на приказната)

Во овој текст можете да ги прочитате двете страни, каде анонимни личности ги раскажуваат своите приказни од двете различни перспективи.

Целата содржина на S-Work No. 103 можете да ја прочитате/симнете ТУКА